Петар Печков
Објавено: сабота, 10 јуни 2017
На социјалните мрежи од средата се пишува за настан, кој се случи во дворот на ОУ Васил Главинов. Велешката полиција денес излезе во официјална информација која е во продолжение, во целост
На ден 07.06.2017 година во 07,45 часот во ПС-Велес, од страна на лицето В.Б. (39) вработен како обезбедување од агенција за обезбедување во ОУ “Васил Главинов“, било пријавено нарушување на ЈРМ, односно дека бил физички нападнат од лицето М.Г. (29) од Велес. И дека М.Г. заедно со кучето што го шетала влегла во училиштето упатувајќи се кон канцеларијата на директорот нарушувајќи го непреченото одвивање на наставата.
На лице место упатен е УПС при што констатирани биле видливи повреди на лицето на В.Б. , додека М.Г. лежела во ходникот покажувајќи знаци на нервен напад заради што од страна на директорката на училиштето веќе била повикана Итна медицинска помош.
Од страна на полициски службеници при СВР Велес извршени се проверки при што е утврдено дека М.Г. од 2012 година примала терапија врз основа на медицински невропсихијатриски дијагнози.
Итната медицинска помош исто така констатирала физички повреди кај лицето В.Б. додека кај М.Г. не било утврдено постоење на физички повреди, но поради стресот и тахикардија таа итно била префрлена во велешката болница.
Извршени се разговори со други медицински лица, потоа со директорката на ОУ Васил Главинов и благајникот на училиштето а за целокупниот настан се изготвени службени белешки и се поднесени барања за поведување прершочна постапка против М.Г. по член 12 и чл. 26 од ЗППЈРМ.
Истиот ден (07.06.) во 12,00 часот лицето М.Г. во ПС Велес пријавила дека утрото била физички нападната од В.Б. најпрво во училишниот двор а потоа и во ходникот на училиштето, а наредниот ден на 08.06 доставила во ПС Велес медицинска документација со констатирани повреди, иако истите се контрадикторни со прегледите на медицинските лица коишто непосредно по настанот ја прегледале М.Г. СВР Велес работи на целосно расвлетлување на случајот.
Tweet |