Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 ноември 2018
Во петокот попладне на клучка од крстосницата од Штип за Скопје, припадници на Шумската полиција при рутинска контрола откриле лице кое подоцна констатирале дека е полицаец како носи нелегално дрва за огрев бука.
Настанот се случил околу 13,30 ч. а полицаецот кој бил од Берово патувал со негов автомобил марка ,,мерцедес,, и приколка во која била 4 метри просторни огревно дрво или 2,5 кубика.
Сето тоа било добро спакувано и прекриено со неколку вреќи компири, дознава ТрМр. Шумската полиција го евидентирала случајот и добро упатени лица во случајот кажуват дека се подготвува да поднесе соодветна кривична пријава против полицаецот а возилото е паркирано во дворот на оваа институција.
Од Шумската полиција во Велес не сакаа да го потврдат ниту го негираа настанот.
Од друга страна ТрМр дознава дека лицата кои го фатиле на дело полицаецот како превезува нелегално пресечени дрвја, без ознака се викани во ПС Велес да дадат изјава, што се случило, оти имале пријава од возачот на мерцедесот дека од страна на шумски полицајци кои го сопреле му биле украдени еден тон компири кои ги превезувал во приколката.
Tweet |