речник контакт

д-р Милчо Трајков, старо нов претседател на Општинската организација на Црвен крст

Избрани новите органи и носители на функции на Општинската организација.

Петар Печков

Конституирано  е новото Собрание на Општинската организација на Црвениот крст Велес. На Изборната седница, што се одржа во просториите на Општинската организација, беше верификуван мандатот на седумнаесетте членови на новото Собрание за мандатниот период 2012 – 2016 година. Потоа, со тајно гласање беа избрани новите органи и носители на функции на Општинската организација.

За претседател и потпретседател на Собранието, во наредниот четиригодишен период се повторно се избрани Д-р Милчо Трајков, магистер по кардиологија и Марија Настова, професор по македонски јазик. Во составот на Извршниот одбор, покрај Трајков и Настова, се избрани: Себајдин Шаќиров, Милица Ристовска Темелковска, Ангел Јорданов, Д-р јадранка Мишкова и Анде Марковски.
Покрај претседателот, за претставник во Собранието на Црвениот крст на Република македонија е избран и Д-р Мартин Хаџи Наумов.

Во наредните денови се очекува да бидат формирани и советодавните тела, со што ќе се комплетира новото раководство.

Заблагодарувајќи се на укажаната доверба, претседателот во име на новоизбраните, даде ветување дека во наредниот четиригодишен период ќе сторат се што треба за целосно остварување на целите и задачите на Црвенио крст и натамошно јакнење на материјалните и човечките ресурси на Општинската организација на Црвениот крст.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »