речник контакт

„Велмонд“ со демант на прес конференцијата на СДСМ за изградбата на новиот хотелски комплекс на езеро Младост

Инвестиција се реализира согласно сите законски прописи, реагираат од Велмонд

Петар Печков

Демант на прес конференција на претседателката на ОО на СДСМ Велес, од една од прозваните страни, инвеститорот Велмонд. Чадиева   реагираше за изградбата на хотелски комплекс  на езеро Младост. Според неа и истражувањата кои ги спровела партијата по   документацијата, истите  покажале неколку пропусти.   Од Велмонд  даваат  образложение за сите посочени моменти,   но и велат дека се  разочарани од  желбата за евтини политички поени.

„1. Инвестицијата се реализира согласно актуелниот ДУП донесен од страна на претходната локална власт, со важност повеќе од 15 години. Во изминатиот период сите локални влади трошеа голема сума на наши народни пари за урбанизација на овој опфат по разни основи, изготвување на проектна документација, изградба на соодветна инфраструктура, водоводна мрежа, колекторски систем, канализација, електрична мрежа итн.

2. Дооформување на парцелата е спроведено согласно позитивните законски прописи. Постапка е отпочната во време на претходната локална власт, а со добиена согласност од страна на Министерството за транспорт и врски, Владата и Државното правобранителство, органи претставувани од Aктуелната политичка власт е во целост спроведена.

3. Инвестицијата се реализира согласно својата намена, за што е дадено и соодветно одобрение за градба. Оние што сакаат да бидат информирани наместо изманипулирани можат да прочитаат правилникот за стандарди и нормативи за урбанистички планирање овде: https://shorturl.at/sPQ07

4. Вкупниот габарит и катноста на објектот согласно ДУП за Езеро Младост и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, ниво приземје - влез на објект, се зема од пристапната улица на градежната парцела, сликовито видливо и од изградените објекти во непосредна близина.

5. Во време кога секојдневно се подигаат разни дивоградби во централни градски подрачја и други заштитени природни локалитети, вие се осмелувате да критикувате инвестиција која се реализира согласно сите законски прописи, со целосно платени даноци и комунални такси. Тип на градба реализиран скоро во сите Општини на нашата држава и претставува позитивен пример на модерен тренд во регионот и Европа“ - пишува во реакцијата  од  инвеститорот Велмонд.

 фото прес СДСМ

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »