речник контакт

„Вози одморен“, активност на автопатот „Пријателство“ на СВР Велес

3аморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во овој летен период

Петар Печков

На автопатот „Пријателство“, поточно на наплатните рампи „Демир Капија“ и „Виничани“, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спровеле сообраќајно-воспитна активност во рамки на „Безбедно лето 2023“, под мотото „Вози одморен“.

„Во рамки на активноста на возачите им се делени летоци со едукативна содржина и вода за освежување. Им беше потенцирано дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во овој период, па не случајно спроведувањето на овие превентивни активности беше лоцирано на делницата од Граничниот премин „Табановце“ до Гевгелија, каде во овој период особено е зголемен бројот на возила, особено на странски туристи што транзитираат низ државата токму преку овој коридор“ - соопштија од МВР.

Целта на оваа превентивна активност е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, преку едукација и подигање на свесноста кај возачите, со цел намалување на незгодите кои се последица на заморот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »