Петар Печков
Објавено: среда, 25 октомври 2017
Во објектот Дизни на Детски градинки ,,Димче Мирчев,, во Велес поставени се нови чешми, со кој се штеди водата за пиење. Тоа е во рамките на проектот „Кога вода штедиш- многу вредиш“. „Димче Мирчев“ Велес во рамките на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем “ доби грант во висина од илјада евра за изработка на проектот
Со средствата од овој проект ,во објект „Дизни“ поставивме вкупно 22 водо-штедливи чешмички. Тие ќе бидат достапни и едноставни за ракување за децата, а истовремено ќе овозможат со што овозможува заштеда на вода за повеќе од 20% во споредба со изминатиот период – велат од градинката.
Средствата од грантот биле искористени за набавка и монтажа на чешмите.
Tweet |