Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 јануари 2019
Бројките, статистиката се најдобрите показатели за сработениот. ТрМр на јавноста и ги понудува показателите за тоа што и колку оваа страница се читаше во 2018-тата. Статистиката вели дека лани ТРМР го читале 224.427 посетители.
Тие отвориле 921.643 пати и прочитале 1.543.040 текста. Просечно секој од Вас се задржувал 1 мин. и 08 сек. 28 отсто од читателите се нови, кои за прв пат ја отвориле. На крајот од годината ТрМр стигна до 18 илјади ФБ лица на кои страницата им се допаѓа и уште стотина повеќе кои ја следат. Минатата година се објавени 1061 текст, или по три на ден.
Најголемиот број на читатели се од Македонија 80 отсто, додека секој петти е од странство. Најмногу ги има од Германија, па САД, Италија.. Или секаде каде ги има велешани. Се чита и во без малку цела Јужна Америка и Азија, во повеќе држави во Африка.... Десетте најчитани текстови лани беа:
Тешка сообраќајка во Велес, три момчиња тешко повредени 8,946 посети
.Питијадата од 19 до 21 октомври 8.567
Камион удри во автобус, 20 повредени 7.726
Трагедија во Велес, изгореа три деца 5.979
Стручни лица ќе одлучуваат како да се отстрани карпата кај Долни Дуќани 5.275
Обид за силување, девојката натепана и фрлена на улица 5.272
Некст тајм, Баклава, Лозано, Дарио, Синтезис гости на Питијадата 5.234
Советот го избра Орце Коцевски са командир на ПЦ Велес 5.061
Велешанец спасил давеник кај Парга 5.022
Угостителите мака мачат да најдат персонал, кој заминал да работи на Јадран 4.873
Tweet |