Петар Печков
Објавено: вторник, 23 февруари 2016
Во три одвоени судења, во Основниот суд во Велес, тројца дилери на дрога добија вкупно 10 и пол години затвор. Двајца добија по 4 год. првиот за 184 грама, вториот за 2,4 грама, а по предлог спогодба со обвинителството за 2,8 кг дилерот доби 2,5 години затвор.
Скопјанецот Абдула Бајрам ( 47 год) доби четири години затвор , за нелегално поседување на дрога. Настанот се случил на 19 ноември 2014 година, кога во 2 часот на граничниот премин Богородица, на влез во Македонија во неговата јакна биле пронајдени 194 грама хероин.
Тие биле спакувани во вреќичка, која била под поставата на јакната. Бајрам се бранел дека при престојот во Турција, од познаник јакната му била дадена за да ја предаде на негов другар во Скопје. Згора на тоа во негова одбрана посочил дека на пакувањето од хероин, не се откриени негови отисоци. Пресудата е правосилна.
Кавадарчанецот Сашко Митрев ( 29 год) е осуден на 4 години затвор оти поседувал опојни дроги. при претресот на неговиот дом биле пронајдени 2,5 грама хероин, амфетамини од 3,63 грама и две шишенца метадон. Ова се случило на 29 април 2014 година. Митрев на судењето тврдел дека дрогата е за негова употреба. Висината на казната е одредена согласно Правилникот за одмерување на казна. Пресудата не е правосилна.
Скопјанецот Ељаз Ружди ( 58 год) доби две и пол години затвор за пренос на 2,8 кг хероин. Оваа пресуда е со предлог спогодба, постигната со обвинителството а потврдена од Основен суд Велес. Ружди беше фатен на 27 август, на граничниот премин Богородица, на македонско грчката граница, при влез во земјава.
При проверка од страна на полицијата и царината, под менувачот бил пронајден специјално подготвен ,,бункер,, . Во него биле пронајдени 12 пакувања, која по експертизата се констатирало дека е хероин, со вкупна тежина од 2,8 кг. Ружди го признал делото во истрага, се спогодил со обвинителството, по што надлежен судија му изрекол казна затвор од 2,5 години.
Tweet |