речник контакт

10 години затвор за татко кој извршил обљуба на малолетна ќерка

Велешанецот А.Ј. е осуден за кривичното дело ,Обљуба со злоупотреба на положбата,,

Петар Печков

Таткото А.Ј. ( 41 год)  доби 10 години затвор оти извршил  обљуба врз  малолетната ќерка. Ова е пресуда на Основен суд  Велес, со која  А.Ј. е прогласен за виновен за кривично дело ,,Обљуба со злоупотреба на положбата,,.

Делото таткото го сторил лани во јули, во велешко село, каде семејството имало имот и куќа.  Таа следниот ден настанот го раскажала  на мајката, која го  пријавила во полиција.    

Пред судот А.Ј. се бранел дека не го сторил делото, дека му е монтирано. Пресудата не е правосилна, но обвинетиот останува во притвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »