речник контакт

10 000 долари за откажување од пушењето

Љубителите на цигарите во нашата земја можат да освојат вредна награда од 10 илјади американски долари ако се откажат од оваа навика.

Аница Солева

Љубителите на цигарите во нашата земја можат да освојат вредна награда од 10 илјади американски долари ако се откажат од оваа навика. Покрај оваа главна награда, на Седмиот интернационален координиран натпревар \"Прекини и победи 2006\" (\"Љуит и Њин“) што ќе се одржи овој месец во 89 земји (вклучувајќи ја и Република Македонија) се предвидени и шест регионални награди од по 2.500 долари. Апстинирањето се докажува со биохемиски тест и еден сведок кој ќе потврди дека добитникот на наградата не пушел во тек на четири недели. Идејата на овој натпревар е да се апстинира од пушење во период од четири недели во мај. Возрасните редовни пушачи над 18 години можат да се регистрираат за учество во натпреварот на веб-страницата [url=www.nosmoking.cjb.net]www.nosmoking.cjb.net[/url], испраќајќи ги пополнети формуларите најдоцна до 5 мај на и-мејл hepa@makedonija.com. Кампањата е поддржана со специјално дизајнирани Интернет-препораки за пушачите и препораки за физичка активност со рационална исхрана. Интернационалните награди се спонзорирани од фармацевтската куќа \"Фајзер\". Доделувањето на наградите ќе се одржи за време на 13. Светска конференција \"Тутун или здравје\" во Вашингтон на 14 јули годинава. Првата мас-медиумска кампања \"Прекини и победи\" беше организирана во соработка со Светската здравствена организација во 1994 година. Оттогаш натпреварот се одржува секоја втора година, а бројот на учесниците рапидно се зголеми од 60.000 во 13 земји во 1994 година на 700.000 во 71 земја во 2004 година. Прекинувањето на пушењето секогаш се исплаќа подоцна во животот. Здравјето почнува да се подобрува, ризикот од срцев удар се редуцира секогаш во текот на следните две години, а ризикот од канцер подоцна. Извор: [url=utrinski.com.mk]Утрински весник[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »