Петар Печков
Објавено: петок, 30 мај 2014
Кога пред 10 години Зоран и Златко Љутков, започнале да работат во изнајмен простор од 12 м2 во Убавиците, претпладне ги примале порачките а попладне само ги изведувале работите. Се работело неуморно, со желба да се успее , без слободни денови, без викенди, без празници.
Млади без искуство, но со желба за работа и сигурност во себе, го направивме првиот чекор и ги презедовме сите обврски, да ја развиваме својата фирма. Работењето со добра цена, одговорно и квалитетно, тоа беше нашето бизнис мото. По 10 години постоење и работа, жртвување на слободното време, следење на светските трендови, изнаоѓање начин да се понуди најдоброто, вработените од Пододекор речиси и да нема дом, деловен објект каде не влегле и не ги исполниле очекувањата на клиентите – велат браќата Љуткови Зоран и Златко.
Од 2011-те по саемот во Хановер, Пододекор е овластен застапник на швајцарската фирма Кроносвис најголем светски производител на ламинати. По 10 години претставува синоним за одговорност, квалитет, гаранција, кога станува збор за сите изградби, реконструкции, разубавувања на деловниот простор или домот.
За денес да имаат почитувана фирма со 26 вработени со нов простор, сместен во некогашен Транс Велес од 11 илјади м2 плац, 3 илјади м2 затворен простор исполнет со производи од светски докажани брендови. Пододекор не работи само во Велес, туку низ цела Македонија. годишно покрива 100 илјади м2 површини со ламинат.
Tweet |