Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 август 2017
Таткото А.Ј. ( 41 год) доби 10 години затвор оти извршил обљуба врз малолетната ќерка. Ова е пресуда на Основен суд Велес, со која А.Ј. е прогласен за виновен за кривично дело ,,Обљуба со злоупотреба на положбата,,.
Делото таткото го сторил лани во јули, во велешко село, каде семејството имало имот и куќа. Таа следниот ден настанот го раскажала на мајката, која го пријавила во полиција.
Пред судот А.Ј. се бранел дека не го сторил делото, дека му е монтирано. Пресудата не е правосилна, но обвинетиот останува во притвор.
Tweet |