речник контакт

10 илјади потписи за пониска струјa, твојот потпис е важен

Започна собирањето на потписи, секој работен ден од 9 до 16 часот со лична карта или пасош

Петар Печков

Граѓанската иницијатива „Аман“, од денес, петок 7-ми декември  започна да  спроведува собирање 10 илјади потписи за измени во Законот за енергетика. Отворена е  локалната канцеларија на Државната изборна комисија сместена во Општинската зграда на приземје, соба 23, каде што граѓаните во наредните два месеци ќе можат да се потпишат за поддршка на иницијативата за промена на некои членови од Законот. Предлог-закон со кој се бара изменување и дополнување на Законот за енергетика е изготвен од „Аман“ и доколку собере 10 илјади потписи, измените ќе може да влезат во собраниска процедура. Со измените на законот  се предвидува враќање на дневната евтина тарифа и граѓаните кои не ги користат услугите за парно да не им плаќаат на давателите на услуги.

Граѓаните нека  ја видат последната сметка од ЕВН и да ја отворат оваа врата, да дојдат и да го дадат својот потпис Не се сомневам во слободарскиот ум на велешани. Не се сомневам во нивната перцепција да го согледуваат доброто од лошото, да ја разликуваат алтернативата на богатството и сиромаштијата и не се сомневам дека масовно ќе го дадат својот потпис вели Игор Смилев од НВО Ленка.

Потписите се собираат  секој работен ден од понеделник до петок од 9 до 16 часот а граѓаните кои сакаа да се потпишат треба да носат со себе лична карта и или пасош.Собирањето е заклучно со 31 јануари следната година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »