Петар Печков
Објавено: недела, 12 јуни 2011
Фабриката Краш која ги произведе чоколадите ,,животинско царство,, бонбониерите ,,бајадера,, ,, ледените коцки,, ,, гриоте,, бонбоните ки-ки, бронхи и уште многу други благи производи го одбележа првиот век од постоењето.
Овој голем јубилеј тие го одбележаа со пуштање на еко- селото Братина, инвестиција вредна 3,5 милиони евра. Тоа се простира на површина од 500 ха, нуди сместување за 80 лица, има игралишта и спортски терени, зоолошка градина, куќа за младенци и селско производство. Во комерцијална употреба ќе биде пуштено од есен.
Фабриката го носи името на хрватскиот Народен херој од НОБ Јосип Краш.
Текстот не е комерцијален оглас.
Tweet |