речник контакт

1000 свеќи за Рацин

Нова содржина на Рациновите средби со која треба да се привлече публиката кон манифестацијата

Петар Печков

Централниот настан на манифестацијата која ќе се одржи од 12 до 14 јуни, ќе се случи вечерта на 13-ти јуни а е насловен ,,1000 свеќи`` за Рацин и тоа е новина која годинава се воведува. Сценариото за овој настан е на актерот Васил Зафирчев, кој понуди еден различен креативен пристап и момент од манифестацијата која со години немаше новост.

Според организаторот  локалната власт на Велес и според сценаристот Зафирчев,  со неа треба да се донесе свежина во поетска манифестација, да се анимираат граѓаните да присуствуваат, оти вообичаено досега настанот беше пред полупразни седишта  и мала посетеност.  Новината опфаќа процесија по улиците  на градот,  попатна посета на знаменитости на Велес и   шест  перформанси на музата на Рацин, кои ќе се одржат на исто толку различни локации, сите поврзани со поетот.

Тоа што јас го понудив како концепт, се раководев од потребата да се  сруши херметизмот на оваа  поетската  манифестација. Наместо неколку расцепкани културно – уметнички настани, кои се случуваат на различни локации, да поставиме еден настан со обединувачки карактер. Ова е со цел да се омасови настанот и да се привлече повеќе посетители, особено младата популација.  Годинешните Рацинови средби нудат нов концепт на ритуал, кој досега недостигаше – најави  Зафирчев.

Перформансот започнува петок попладне  во 18 часот од Мало мовче,  од  каде граѓаните и почитувачите на делото на Рацин ќе бидат повикани со поворка низ улиците и со свеќа в рака,  да му оддадат почит на поетот. Процесијата попатно ќе запре на четири локации а  ќе заврши во Младинскиот парк , каде ќе се случува централниот настан. Уметничките  кои ќе ја толкуваат музата на Рацин се Слободанка Чичевска, Катерина Брезева, Зорица Панчиќ, Славица Манаскова и  Олга Панго и сите носат порака за животот и делото на Коста Солев.

Во уметничкиот дел на перформансот  ,,1000 свеќи за Рацин,, вклучени се и  Градскиот црковен хор, Фолклорниот ансамбл Керамичар, Распеани Велешани.  Сите три вечери до манифестацијата по велешките локали ќе се делат пораки со љубовната поезија на Рацин. В сабота вечер во амфитеатарот оа  Младинскиот парк ќе биде прикажан  филмот ,,Елегија за  тебе,,  посветен на животот на Рацин, снимен пред неколку години, дело на Данчо Стефков и Васил Зафирчев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »