Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 јануари 2019
Пет пати во текот на една седмица, во работните денови, 106 лица од социјално ранливите категории добиваат храна во Општина Чашка.
Тоа се однесува на жители од селата Богомила, Теово, Оморани и Мартолци и населба Чашка. Корисници во најголем број се повозрасните жители или социјално загрозени семејства.
Таква услуга наскоро ќе имаа и жителите од населба Извор и околните села, кои храната ќе ја добиваа од неодамна отвораниот Дневниот центар за стари лица отворен во Извор. Храната се дистрибуира преку Центарот за социјална работа од Велес храната им се дели во различни општински простории во овие населени места.
Сто и шест лица добиваат по еден топол оброк дневно од понеделник до петок и спакувана храна за сабота и недела, седум години по ред.
Tweet |