речник контакт

11 Октомври 70 години потоа

Денот на востанието на македонскиот народ, кои четиргодишната борба, животот го дадоа 24 илјади нејзини жители

Петар Печков

Република Македонија  одбележува 70 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Германските продирања на територијата на Македонија биле проследени со воздушни напади. Уште на 6 април 1941 година, Велес 13 пати бил надлетуван од германски авиони. Страв и паника се населиле во градот од плитар. Којник, Бузаана, Мегдан, Сармаале, Варналиите, железницата, мостот, центарот, ги потресле силни детонации веќе на 7 април утрото. Многу жртви и рушевини. Цели семејства го завршиле својот пат во тоа априлско утро.

Другиот ден градот го опседнале окупаторските единици, се блокирал целокупниот економски и културен живот. Неофицијалните пишани документи споменуват дека велес претрпел најмногу штети од бомбардирањето тоа утро, како сообраќаен јазол. Се споменува бројка од 500 велешани дека се жртви на германското бомбартдирање.

Велешко во Втората светска војна има дадено 600 жртви, партизани, борци и цивилно нселение во текот на окупацијата. Тие се погребани во Спомен Костурницита.

Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегувале во куќите и ги собирале мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукале во секој што ќе почнел да бега. Злосторниците влегувале во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелани се  49 луѓе.

Истиот ден германските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе.Ова се случи на 16 октомври 1941 година.

7 октомври 1944 година Во селото Прждево, Неготинско, влегле германските фашисти и почнале да ги палат куќите и амбарите во знак на одмазда поради успешната акција на минерската чета, која истиот ден кренале во воздух еден од оклопните германски возови. Притоа, фашистите стрелале 21 невино лице и својот крвав поход го завршиле во селото Бесвица, каде што, покрај палежот на куќите, стрелале 39 луѓе.

На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за  ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои голораки ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »