Петар Печков
Објавено: вторник, 11 ноември 2014
Дарко Јолдашев и Леон Тасев и двајцата до Велес добија по пет и пол години затвор за обид да ја ограбат бензинската пумпа на Макпетрол на автопат, близу Велес. Двете момчиња се прогласени за виновни за кривично дело разбојништво во обид, за кое ја признале вината.
Според обвинението на 8-ми мај годинава во 3 часот со закана од секира и нож го нападнале вработениот на Бензинската пумпа на Макпетрол 072, на автопатот Скопје – Гевгелија, близу Велес. При тоа со закана по живот ги побарале парите, но тој се спротивставил, дал отпор, повикал полиција преку мобилниот, што момчињата избегале.
Многу наивно двајцата дваесетгодишници, се решиле да го сторат делото. Тие биле маскирани со пресечен долен веш, кој ги носеле преку глава. Судијата прифаќајќи го нивното признание за вина, нивната младост и каењето за стореното дело, досега не се осудувани, им ја одреди минималната казна затвор од 5,5 години, која е правосилна.
Tweet |