Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 април 2015
Министерството за образование го распиша конкурсот за упис во прва година на во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година во Република Македонија. Вкупно 1156 ученици во прва година средно е предвидено да се запишат во четирите средни училишта во Велес наесен.
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“
Во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки (204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик). Во Гимназијата во првата година ќе се отворат две спортски паралелки фудбал и ракомет со по 34 ученика.
ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“ Во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за
економски техничар 102 ученици
деловен секретар 34 уч.
банкарски техничар 34 уч.
продавач 34 уч. 3 г.тр.
СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“
Во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за
Машинска струка – 170 ученици, 5 паралелки -
машински техничар/ машинско - енергетски техничар 34 уч.
машински техничар алб 34 уч.
техничар за компјутерско управување 34 уч.
автотехничар - мехатроничар 34 уч.
автомеханичар / металостругар – заварувач 34 уч. 3 г.тр.
Електротехничка струка - 170 ученици, 5 паралелки
електротехничар за компјутерска техника и автоматика 68 уч.
електротехничар за електроника и телекомуникаци / електротехничар- енергетичар 34 уч. електротехничар за електроника и телекомуникации алб 34 уч.
електроинсталатер и монтер 34 уч. 3 г.тр.
Сообраќајна струка - техничар за транспорт и шпедиција 34 уч.
Угостителско - туристичка струка - готвач/ келнер 34 уч.. 3 г.тр.
СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“ Во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми
Хемиско - технолошка струка - 102 ученици,
хемиско - технолошки техничар 34 уч.
прехранбен техничар 34 уч.
месар 34 уч.. 3 г.тр.
Здравствена струка - 102 ученици
медицинска сестра 34 уч.
физиотерапевтски техничар 34 уч.
фармацевтски лабораторски техничар 34 уч.
Лични услуги - козметички техничар мак 34 уч.
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2015 година
. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 29 и 30 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 46 2015 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2015 година.
Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 27 август 2015 година. Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката
Tweet |