речник контакт

12 илјади гледачи во Велес е рекорд по посетеност во ракомет во Македонија

ТРМР ви нуди уште еден податок, кој малкумина го знаеја. Средбата е одиграна 1967-та на црвеница на Градски во Велес, тоа е рекорд и во поранешна Југославија

Петар Печков

Факт е  дека рекордот по број на гледачи во земјава се случил на фудбалскиот стадион во Велес. 

Најпосетен ракометен натпревар во Македонија  е тој што пред половина век е одигран во Велес помеѓу екипите на Борец и Партизан од Бјеловар Хрватска. Тоа било средба од  полуфиналето на куп натпреварите. Се играло на Градскиот стадион во Велес а имало околу 12 илјади гледачи. Толку влезници биле продадени. Големата посета дошла  откако претходно  Борец во Белград успеал да ја совлада Црвен Ѕвезда, па апетитите на велешани пораснале и постоел огромен интерес за средбата.

Во Велес тогаш владееше голема, вистинска еуфорија за ракометот.  Редовно не следеа по осум илјади гледачи, кога игравме дома. Игравме на отворено, на Градски стадион, зад едниот гол. Сите средби се играа в недела со почеток во 10 часот. А уште во 9 стадионот се полнеше. Таа 1967-та раководството  на Борец реши  нашата меѓусебна средба од  полуфиналето во Купот  да се игра на Градскиот  стадион со повеќе места, поголем број гледачи, оти пред тоа ја победивме Црвена Ѕвезда во Белград.

Надежите пораснаа и сакавме да играме во финале, ама не би к`смет, не поразија. За овој натпревар  се изгради дополнителна монтажна трибина од четвртата страна и затоа на оваа средба имаше рекордни 12 илјади, толку билети се продадоа. Град од 36 илјади население, секој трети беше дојден да гледа.   Тоа е најголема посета што досега ја имало на некој ракометен натпревар во Македонија и најпосетен во поранешна Југославија.

Повеќе луѓе дотогаш немало. Најтешко ни беше по натпреварот, оти игравме на црвеница, да се избањаме а опремата да се испере. Имавме одлични седум ракометари и тенка клупа. Затоа игравме без малку сите 60 минути, цело првенство, гиневме на теренот – се присетува Тодор Мијаков Кошот, кој беше капитен во таа генерација а играл на позицијата централен бек, по потреба и пикер. 

За Борец  освен него тогаш играле  како голмани Кирков и Гигов, десен бек  Славе Чаве Атанасовски, лев бек Гајдов, десно крило Васков, пикер Клинчаров- Тексас, лево крило  Пеце Атанасовски.

Според документацијата на велешката спортска легенда Панче Николов натпреварот е одигран на 10-ти мај 1967-ма а победиле гостите со 12:22. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »