речник контакт

120 илјади денари помош од локалната власт за семејството Калинови

Помогна и ГП Изгрев

Петар Печков

 Општина Велес на семејствата Калинови, чија куќа настрада во пожарот во вторникот вечер им додели финансиска помош од 120 илјади денари, Советот 90 а градоначалникот 30 илјади денари. Тоа е еднократна помош,  која ќе биде зголемена откако проценителите ќе констатираа колкава штета е предизвикана, па дел од неа ќе се покрие и од  локалната власт. 

Семејствата се заблагодариле  на понудата општината да им ја плаќа киријата ако нема каде да се сместат. Тие биле згрижени кај блиски роднини.

Во помош притекнал и ГП Изгрев кој со негова механизација помагал во расчистување на отпадот и шутот од изгорената куќа а доделил и градежен материјал.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »