речник контакт

120 години од саможртвата на Гемиџиите (фото)

Ги жртвувале своите, а ги заштитиле туѓите, при атентатите во Солун

Петар Печков

Со полагање на цвеќиња и свеченост одржана во историското одделение од Народниот музеј, беше одбележана 120 годишнината од Солунските атентати и делото на Гемиџиите.

Од 28 април до 1 мај 1903 година со низа атентанти изведени во Солун, група на млади, повеќето велешани сакале  да го свртат вниманието на европската јавност за македонското прашање.

Во воздух бил дигнат бродот Гвадалкивир, Отоманската банка, Поштата, гасната централа за струја, на пругата Солун - Истанбул, театарот „Алхамбра“ ...

Пред присутните се обрати проф. д-р Ѓорги Малковски со неговото излагање „По стапките на Гемиџиите  пред 120 години и денес“.


„Симболика на името „Гемиџии“ била што решиле да се простат од животот, да го пуштат како гемија  по бурното море, отпатувале да не се вратат. За  нивната големина зборува и нивниот договор, да не ги преживеат акциите. И повеќе од тоа, за потомствата да не ги остават своите ликови, не оставиле ниту една фотографија.  Желбата да останат анонимни, зборува колку високо го ценеле делото на саможртвата. Нивниот хуманизам бил толку голем што правеле се, да се избегнат непотребните цивилни жртви. Ги жртвувале своите, за да ги заштитат туѓите. Тие имале проблем да ги обезбедат потребните средства за динамит. Така тие ја извршиле најголемата терористичка акција во Европа во тоа време“ - кажа проф. д-р Ѓорги Малковски.

Во изведувањето на Солунските атентати учествувале десетмина гемиџии: Јордан Поп Јорданов - Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов и Цветко Трајков. Од нив само Шатев и Бошнаков не биле од Велес а освен нив и Георги Богданов и Милан Арсов кој имал само 19 години   четворица ги преживеале атентатите.

Пред присутните се обрати и градоначалникот Марко Колев, кој најави дека одбележувањето на чинот на Солунските атентати ќе биде приоритет за него, со збогатени содржини и настани.

„Овој настан кој е значаен и за Македонија и за Велес, ќе биде се помасовен и од година во година, со повеќе настани одбележуван и на повисоко ниво. Затоа што младите заборават но и државата. Младите и не  го чувствуваат  овој ден и треба да се знаат што се случило, да не се заборави или избледнее“- кажа Колев. 

Тој претходно по реката Вардар пушти венец во спомен на младите велешки Гемиџии.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »