Петар Печков
Објавено: петок, 06 декември 2013
Општина Велес на семејствата Калинови, чија куќа настрада во пожарот во вторникот вечер им додели финансиска помош од 120 илјади денари, Советот 90 а градоначалникот 30 илјади денари. Тоа е еднократна помош, која ќе биде зголемена откако проценителите ќе констатираа колкава штета е предизвикана, па дел од неа ќе се покрие и од локалната власт.
Семејствата се заблагодариле на понудата општината да им ја плаќа киријата ако нема каде да се сместат. Тие биле згрижени кај блиски роднини.
Во помош притекнал и ГП Изгрев кој со негова механизација помагал во расчистување на отпадот и шутот од изгорената куќа а доделил и градежен материјал.
Tweet |