речник контакт

13,5 години затвор за силување на лице со попреченост, доживотно лекување за старец педофил

Во два одвоени судски предмети во Основното суд во Велес беа изречени две пресуди за педофилија.

Петар Печков

Со првата Д.М (50 год) од Неготинско село  доби 13,5 години затвор за силување на 14 годишно девојче.   Делото го извршил на 17 август  минатата година. Негова жртва била девојче, со ментална попреченост. Неа обвинетиот  за силување ја сретнал на патот во селото каде живееле, ја завлекол во напуштена куќа. Обвинетиот  и ја затворил устата за да ја спречи гласно да вика и да бара помош, по што ја силувал.Пресудата не е правосилна.  

Дедо од гевгелиско село пак доби  задолжително психијатриско лекување и чување  до крајот на  животот оти силувал пет годишно момче.  Д.Ш. (82)  беше прогласен за виновен за делото кое се случило на 2-ри јули мината година. Обвинетиот во периодот од 15 до 17,30 часот, на нива во атар на гевгелиско село, извршил силување на пет годишно дете, по што му се заканил да не кажува никому за ужасниот настан.  Детето веднаш кажало на родителите по што бил откриен и казнет виновникот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »