Петар Печков
Објавено: петок, 12 јуни 2015
Втора година по ред продолжува засадувањето на садници во спомен шумата на Рацин, која е лоцирана на просторот кај Спомен Костурницата.
Годинава се засадија 13 лиланди, во чест на денот кога тој е застрелан 13 јуни.
Нив ги засадија членови на Друштвото на писатели на Македонија Веле Смилевски, Раде Силијан, Игор Крајчев..
Лани беа засадени 33 садници исто лиланди, тогаш во чест на годините колку што живееше Рацин. Сите од нив се зафатени, информираше раководителката на РЕ Паркови и зеленило Тања Ангелова од ЈКП Дервен.
Tweet |