речник контакт

13 Општоприфатени (и глупави) суеверија

Ние луѓето сме многу суеверни, веруваме дека петок 13-ти е несреќен, а дека пронаоѓањето на паричка е среќа. Прочитајте колку сличности во суеверието има идентично по светот, како и кај нас.

Петар Печков

Многу суеверија потекуваат од истата човекова верба која не тера да веруваме во чудовишта и духови. Кога нашиот ум не може нешто да објасни, се вкочануваме. Всушност, едно истражување од минатата година откри дека суеверијата понекогаш се корисни, бидејќи верувањето во нешто може да ја подобри ефикасноста на некоја работа.

Затоа, еве ги најпознатите 13 суеверија:

13. Почетничка среќа

Вообичаени изјава на човек кој загубил игра од почетник е „почетничка среќа“, која преставува идеја дека почениците имаат веројатност дека ќе победат кога за првпат ќе се пробаат во спортови, игри или кои било  други активности.

Почетниците во некои случаи може и да победат затоа што се помалку оптоварени околу победата. Покрај се, премногу страв може и да ја подигне ефиканоста. Може да биде и статистичка ставка, посебно во опкладите кои зависта од шансите.

Или како и во многу други суеверија, вербата дека почетничката среќа може да се појави заради „засилување на самодовербата“. Засилувањето на самодовербата е психолошки феномен кога луѓето најверојатно ќе ги запаметат настаните кои го смениле нивниот поглед на светот. Ако верувате дека ќе победите затоа што сте почетник, имате повеќе шанси да запамтите секогаш кога сте биле во право - и да ги заборавите оние кога сте биле последен.

12. Ако најдете паричка, подигнете ја...

Цел ден ќе имате добра/убава среќа. Раположението може да се подигне бидејќи пронаоѓањето паричка и самото по себе среќа. Но, може да испадне и како во старата песна „Ако најдете игла, подигнете ја, и цел ден ќе имате убава среќа; ако видите игла, оставте ја таму, и среќата ќе ве одмине“.

11. Не минувајте под скала (расчекорена бандера)

Конечно едно суеверие кое е практично. Кој би сакал да одговара ако работникот падне од скалата и се повреди себе си и вас? Но постои една теорија поврзана со ова суеверие - доаѓа од христијанското верување во Светото Тројство: бидејќи скала потпрена на ѕид прави триагнолник, „расипувањето“ на тој триаголник е богохулење.

И уште една популарна теорија вели дека стравот од минување под скала има врска со средновековните бесилки и гиљотини (всушност, со дрвените рамки на кои се поставува јаже или сечиво). Затоа околу ова суеверие првентствено ќе се придржуваме кон безбедноста.

10. Црна мачка ви го пресекува патот

Како домашен миленик на човекот веќе илјадници години, мачките играат многу и секакви митолошки улоги. Во стар Египет мачките биле обожувани, а денес Американците како домашни миленичиња чуваат повеќе од 81 милиони мачки.

Па зошто не е добро ако црна мачка ви го пресече патот? Најверојатно ова суеверие доаѓа од старото верување за вештерките и нивната поврзаност со животните, за кои често се кажувало дека земаат облик на домашни животни како мачки.

9. Зајачка шепа ќе ви носи среќа

Талисманите и емулетите отсекогаш се сметале како одбрана од ѓаволот; сетете се на крстот и лукот за кој се верувало дека ќе ве чуваат безбедни од вампири. Зајачката шепа како талисман можеби потекнува од раните келтси племиња во Британија. Можеби ова доаѓа и од вудуто, форма на афроамериканска народна магија и верба која е помешана од домородците Американци, Европејците и од африканската традиција.

8. Лошата среќа доаѓа во тројки

Се сеќавате на засилувањето на самодовербата? Верувањето дека лошата среќа доаѓа во тројки е класичен пример за ова. Кога неколку работи ќе трнат погрешно, суеверните ќе почнаат да бараат и следен знак за лоша среќа. Изгубената чевла може да биде заборавена, но веќе следнот ден да се земе како трета од серијата лоши знаци.

7. Внимателно со тоа огледало

Според фолклорот, кршењето огледало е најлошиот знак за ваше проколнување и несреќа во следните седум години. Ова суеверие најверојатно доаѓа од вербата дека огледалото не само што го одразува вашиот лик, туку дека задржува и дел од вашата душа. Ова верување од дамнина ги терало луѓето од американскиот југ да ги покриваат огледалата во куќата кога некој ќе умрел, за нивите души да не бидат заробени таму.

Како и бројот три и бројот седум често е поврзуван со среќата. Седум години е долго време да се биде несреќен, па затоа луѓето смислија противмерки да се ослободат по кршењето на огледало. Меѓу нив спаѓа допирање на парче од скрешно огледало до гроб и дробење на парчињата од огледалото во прав.

6. 666

Три шески по ред ги наежуваат луѓето. Ова е суеверие кое потекнува од Библијата. Во Книгата на откровението, 666 е даден како бројот на „ѕверот“ и често е интерпретиран како знак на сатаната и знак за крај на светот.

Според антропологот Филип Стивенс од Државниот универзитет на Њујорк во Бафало, писателот на Откровението пишувал во кодови за да ги убеди христијаните, па така броевите и имињата во книгата се вид на современи референси. Три шестки во ред се најверојатно нумерички еквивалент на хебрејските букви за Нерон, римскиот император од првиот век.

5. Чукни во дрво

Оваа фраза е скоро како говорен талисман, создадена за да не чува од лоша среќа во предизвикливата судбина: „Кршењето на огледалото не ми донесе несреќа, да чукнам во дрво“.

Фиксацијата со дрвото најверојатно доаѓа од старите митови за добриот дух во дрвјата или од асоцијацијата со христијанскиот крст. Слични фрази се појавуваат во многу јазици, што покажува дека желбата да не се предизвикува мирниот универзум е општа.

4. Посакајте си желба со кршење јадец (од кокошка или мисирка)

Традицијата за тегнење на грбната коска-чатал од кокошка или мисирка, потекнува одамна. Легендата вели дека Римјаните од првиот век го правеле ова за да се натпреваруваат со исушени коски - и случајно ја скршиле, со што добиле идеја дека кај оној што ќе остане поголемиот дел од коската ќе му се остваруват желбите. Низ историјата, коските од птици исто така биле користени за читање на судбините, при што врачевите/шаманите ги фрлале коските и ја читале нивната поставеност за да ја предвидуваат иднината.

3. Прекрсти ги прстите за среќа

Оние кои посакуваат среќа често ќе ги вкрстат прстите еден преку друг, гест за кој се верува дека потекнува од раното христијанство. Приказната вели дека двајца ги вкрстувале показалецот и средниот прст кога посакувале желба, што е симбол за подршка од пријателот за лицето кое ја посакува желбата. Се верувало дека сеж што асоцира на обликот на христијанскиот крст носи среќа. Традицијата постепено преминала во нешто што луѓе сами почнале да си го прават: денес само ќе кажеме „прекрсти ги прстите“ за да се сфати пораката од другата страна

2. Без отворен чадор во затворен простор

Не само затоа што можете некому да му истерате око, отварањето чадор во затворен простор се сметало и дека носи несреќа. Легендата дошла од приказните за некоја жена од стар Рим која случајно го отворила чадорот во домот, само неколку мига пред да се сруши таванот, па се до приказната за британскот приинц кој добил на подарок два чадори од кралот кој дошол во посета - и умрел по неколку месеци. Исто како суеверието „не поминувај под скала“, ова изгледа како мит кој првенствено се создал за да ги преупреди луѓето од правење нешто опасно.

1. Петок 13-ти

Ако не сте исплашени од петок 13-ти, треба да се ислпашите од зборот кој се користи за оние кои се: „фригатискаидекафобици“. (Како алтернатива на ова плеткање за јазикот, зборот за овој страв е „параскевидекатриафобија“).

Суеверието и стравот од петок 13-ти изгледа прилично ново, датира од доцниот 19-ти век. Петок долго време беше сметан за несреќен ден (според христијанската традиција, Исус умрел во петок), но и 13-ката има долга историја како несреќен број.

Според Центарот за управување со стрес и Институтот за фобија во Северкна Каролина, околу 17 милиони луѓе (во САД) се плашат од петок 13-ти. Многумина можеби и ќе се помолат кога желбата во човековиот ум ќе ги поврзе мислите и симболите со настаните.

текстот е превземен од  LiveScience.com

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »