речник контакт

13 години затвор за разбојници кои нападнале таксист

Инцидентот се случи на 22 јануари годинава на раскрсницата пред ДОЗ, кога со нож му е одземено возило на таксист

Петар Печков

Двајца разбојници добија 13 години затвор затоа што во Велес нападнале таксист со нож, му го одзеле возилото и побегнале.

Саше Мишевски ( 34 год) од Штип доби седум години затвор  а Горан Таратаков ( 29 год) од Велес доби шест години затвор затоа што на  22 јануари  година, на раскрсницата од улиците „Илинденска“ и „Димитар Влахов“откако влегле во такси возило, управувано од С.М. обвинетите со закана со нож му наредиле да излезе од возилото, по што му го одзеле и заминале во непознат правец.

Мишевски, се бранеше дека кога го сторил делото бил во алкохолизирана состојба, беше прогласен виновен  и за  кривичното дело предизвикување на општа опасност, поради што доби повисока затворска казна од Таратаков. Тој пак во негова одбрана тврдеше дека немал никаква врска со разбојништвото, туку само му правел друштво на штипјанецот. 

До правосилноста на пресудата  и двајцата разбојници остануваат во притвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »