Петар Печков
Објавено: вторник, 15 ноември 2016
Средношколците од Велес за еден месец собраа 145 крвни единици, што е висока бројка. Така исто толку средношколци -145 , сите полнолетни со наполнети 19 години, покажаа хуманост и ја дарува скапоцената течност.
Првата акција се одржа на 17-ти октомври во ,,Коле Неделковски,, кога се собрани 46 крвни единици, па на 24-ти и 26-ти октомври во „Димитрија Чуповски“ и „Јовче Тесличков“ кога се собрале 59 единици.
И на Денот на Општината 9-ти ноември последната се одржа во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, кога се собрани 40 крви единици. Или вкупно 145, од кои за прв пат крв дарувале 118 средношколци а од вкупниот број 57 биле девојки.
Сите акции биле организирани од Институтот за трансфизуона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвен крст Велес.
Tweet |