речник контакт

14-тото издание на Питијадата во Велес од 6-ти до 8-ми октомври

Познато е името на главната ѕвезда на годинашнава манифестација, во Велес ќе пее Здравко Чолиќ

Петар Печков

Годинашното издание  на Велешката питијада ќе биде на 6-ти,  7-ми и 8-ми октомври. Ова на својата фејсбук страна го објави  локалната власт.

Го објавија и името на главната ѕвезда на манифестацијата, Здравко Чолиќ, кој ќе настапи на 7-ми октомври, сабота од 22ч.  Останатите учесници, музички имиња од Македонија или регионот,  ќе се знаат  до почетокот на септември.  

Питијдатата по непишано правило се одржуваше во вториот викенд на октомври, но за овој период, најавено е  одржувањето на локалните избори, поради што манифестацијата   годинава ќе се одржи една недела порано.  

Изминатите години на Питијадата, која има најдолг стаж од сличните манифестации во земјава, во Велес настапија Црвена јабука, Прљаво Казалиште, Парни Ваљак, Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог, Калиопи, Елена Ристевска, ДНК, Нокаут, Љубојна .... 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »