речник контакт

15 години затвор за Левко

Левко Картинов (47 год) е виновен за двете кривични дела по што петчлениот кривичен совет со кој претседаваше судијата Илија Танев...

Петар Печков

Левко Картинов (47 год) е виновен за двете кривични дела по што петчлениот кривичен совет со кој претседаваше судијата Илија Танев му одреди единствена  казна затвор во времетраење од 15 години.

Картинов е осуден за убиство на брат му Драган (43 год) за што доби 13 години и убиство во обид за снаа му Виолета (40 год) за што доби три години, или единствената казна е максимална, затвор во времетрање од 15 години.

Судијата Танев објасни дека врз основа на изведените докази, изјавите на сведоците, Левко Картинов е сторителот на ова тешко дело за кое нема олеснителни околности и тој ќе остане во притвор се до правосилноста на пресудата. Во доказната постапка четворица сведоци изјавија дека го виделе Левко како клечи над брат му Драган и безмилоснао го боде со нож во пределот на срцето. 

Осуденаиот Картинов во завршните зборови рече дека тој жали по брат му но не се чувствува за виновен и тој не  е убиец.

По излегувањето од судницата тој гласно протестираше за изречената казна и се закани дека еден ден ќе излезе од таму но многумина ќе жалат. Неговата сопруга Коцана Картинова исто така не е задоволна со пресудата.

-  Невин човек осудија, убиството го сторија други а него му ги дадоа ножевите -  рече Коцана Картинова. Незадоволна со пресудата е и сопругата на убиениот Виолета, која не сакаше да зборува за овој настан, бидејќи кај неа  будел лоши спомени. Жалба на  пресудата најави бранителот, адвокатот Пенчо Трипчев.

- Станува збор за дело со друга квалификација, сторено во посебни услови, атмосфера и напнати меѓусебни односи, дело кое е сторено во афкет и ќе се жалиме - изјави адвокатот Трипчев. Неговиот клиент Левко Картинов е осуден за братоубиство кое се случи на на 19-ти мај годинава во 1,25 часот по полноќ кога  по расправија поради прегласна музика за матурска прослава на внукот, беше убиен Драган Картинов (43 год) со неколку убоди со нож, а прободена беше и неговата сопруга Виолета Картинова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »