речник контакт

15 години затвор за педофил од Пирава

Цане Андов извршил ,,полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години,,

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес, на Цане Андов (56 год) од село Пирава валандовско, му е изречена  неправосилна затворска казна од 15 години за кривичното дело ,,полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години,,. Кога МВР го обелодени случајот во март минатата година, информираше дека 

,,41 годишна жителка од Валандово пријавила дека  55-годишен маж од село Пирава, во повеќе наврати во период од еден месец, извршил  полови дејствија врз нејзината осумгодишна ќерка.  И втората ќерка на пријавителката, 15- годишна малолетничка, им раскажала на родителите дека истото лице  во неколку наврати се обидел истото да и го направи и на неа, но таа успеала да избега,, 

Основното Јавно обвинителство Велес  пак информираше дека ,,според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти прилики извршил полови дејствија врз осумгодишното дете. Осомничениот е сосед и во подалечна роднинска врска со оштетеното дете,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »