речник контакт

15 години затвор за педофилија

Апелациониот суд од Скопје му ја потврди казната затвор на богомилчанецот Трајче Петковски ( 53 год ) која му беше изречена во Основниот суд во Велес за педофилија.

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје му ја потврди казната затвор на богомилчанецот Трајче Петковски ( 53 год ) која му беше изречена во Основниот суд во Велес за педофилија.  

Единствена казна во времетраење од 15 години Петковски ја доби за четири кривични дела, за полов напад врз дете, за телесни повреди и за семејно насилство, кој ги стори минатото лето во неговата семејна куќа во Богомила. Петковски е осуден за виновен за две кривични дела полов напад врз дете  малолетник помладо од 14 години на по две казни затвор од по 8 години, додека за кривичните дела предизвикување телесна повреда и за семејно насилство, извршени врз сопругата, доби по 8 месеци затвор, што беа прениначени во единствена во времетраење од 15 години затвор.

Според обвинението Петковски на 13-ти јуни лани, сексуално малтретирал 12-годишно девојче од селото а подоцна е утврдено дека тој сексуално се изживувал и врз неговата 12-годишна ќерка, двете ученички во училиште за деца со посебни потреби. а ја тепал и сопругата.

Инцидентот се случил навечер во куќата на Петковски, кога девојчето, кое е болно од епилепсија и со пречки во развојот, дошла на гости кај другарка и, ќерка на Трајче, а Во еден момент обвинетиот сосила го легнал девојчето на кревет и почнал да блудничи допирајќи ја и бакнувајќи ја по телото. Целиот настан го следела ќерката на Петковски, која има лесна психичка попреченост но ги алармирала родителите на девојчето гостин. Тие го пријавиле соседот во полиција, по што била откриена страшната приказна.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »