Петар Печков
Објавено: среда, 07 јули 2010
Тој беше прогласен за виновен за силувањето, убиството на Стефка Јорданова ( 78 год) и за силувањето на Грозда Милошева ( 75 год), како и за по две разбојништва и две тешки кражби извршени во домовите на стариците. Осудениот молкум ја пречека изречената казна и не кажа ниту збор во своја одбрана во завршниот збор. Претходно на почетокот од судењето ги призна извршените дела и убиството на Јорданова го припиша не неговата вознемиреност.
Често одев во интернет, во кафулиња, кафеани и ми требаа пари а нив ги немав. Затоа и ги сторив делата, поради парите. Кај Јорданова ден претходно бев ангажиран со мојот коњ да и ги донесам бетонските столпчиња од лозјето. Вечерта кога минев, бидејќи немав пари решив да влезам. Не најдов ништо. Заборавив да и ја одврзам устата по чинот, бев збунет, иако слушав како дишеше, ја оставив да почине. Кај Милошева. кога влегов таа ме виде и прашуваше ,,Кој си ти, кој си ти, што бараш?,,. Откако не најдов пари и ја ставив перницата врз глава, но тогаш почувствував дека во нив има нешто шушкаво, ја искинав и најдов 14 илјади денари. Ги земав и заминав. Со нив си купив мобилен од 10 илјади денари а другите ги потрошив во кафеана – изјави обвинетиот Емран Асановски.
Тој бил регистриран наркоман и уживател на опојни дроги. Старицата Грозда Милошева која ја силуваше и ограби е бабицата која го породила и му помогнала да дојде на свет. Тој кога влегол кај неа и рекол,,Вчера ја доби пензијата, дај ги парите,, . Обвинителството освен признанието на Асановски како материјални докази дека тој е сторителот на сите кривични дела ги посочи и ДНК профилот на обвинетиот кој бил идентичен со биолошките траги најдени на селотејпот со кој Грозда била залепена да не вика, со ракавиците со кој се вршени грабежите како и со спермата најдена кај починатата Стефка Јорданова.
Психијатрите кои извршиле вештачење над обвинетиот Асановски потврдил дека тој во двата случаи на први октомври и на пети декември бил пресметлив и свесен за неговите сторени дела. Адвокатот на обвинетиот, Андреја Радиновски побара од судот како олеснителна околност да се земе предвид младоста на сторителот 19 години, дека тој е уште не дооформена личност, како и тоа дека доминантен мотив за сторените дела биле кражбите и противправното присвојување на материјални добра. По ова пет члениот судски совет на Асановски му ја изрече казната затвор во траење од 15 години, со тоа што мерката притвор се продолжува до правосилноста на пресудата.
Tweet |