речник контакт

15 месеци завор за скопјанецот кој превезуваше 14 мигранти па направи сообраќајка

Две лица беа тешко повредени а за превоз земал по 1,5 илјади евра

Петар Печков

Скопјанецот  Даниел Стојковски (31 год) е огласен за виновен за кривично дело ,,Криумчарењемигранти,,  за што во Основен суд Скопје 1,  на истиот му е изречена казна затвор во траење од 1 година и 3 месеци.   

На Стојковски му се судеше за настан кој се случи на 7-ми јуни  2015-та година, 10 минути по полноќ, кога   обвинетиот превезувал  мигранти и бегал пред  полиција која сакала да го сопре. 

При бегството од велешката полиција, тој удрил во столб од  надвозникот, на мостот  кај реката Вардар. Сите 14 патници, мигранти кои ги превезувал завршија во Општа Болница Велес. Две од лицата беа  со тешки повреди –скршеници на карлица  и  нога,  останатите  со полесни телесни повреди.   

Откако полицијата дала знак за сопирање на  возило марка  ,,форд транзит,,  возачот   наместо да сопре, ја зголемил брзината и се дал во бегство. Набргу потоа излетал од патот и удрил во  надвозник.   

Мигрантите биле од  Сомалија, од Сирија и Авганистан на возраст од 15 до 36 години. Тие изјавија дека за нивен превоз, секој од патниците платил по 1,5 илјади евра. Пресудата е правосилна, потврдена од  Апелација.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »