Петар Печков
Објавено: среда, 17 февруари 2016
М. А. (31 год) од Велес доби затворска казна од 15 месеци за телесна повреда која е строена при семејно насилство. Тој на 22 септември мината година, телесно ја повредил сопругата, кога во семејната куќа, по претходна расправија неколкупати ја удрил со рака по глава и тело.
На ова оштетената возвратила и извадила од неговото ташниче гасен пиштол марка ,,Екол Арас магнуим,, 9 мм. но сопругот и го одзел и со него неколку пати ја удрил по глава. Во тепачката таа во ташничето му пронашла ноќ на преклоп и се обидела да се одбрани, но и тој и го одзел и ја пресекол во раката, на левата подлактица.
Со ова обвинетиот сторил кривично дело ,,телесна повреда,, за што е прогласен за виновен. Обвинетиот не е достапен и е во бегство а пресудата не е правосилна.
Tweet |