Никола Солев
Објавено: понеделник, 12 февруари 2007
Еден нов извештај од Informa Telecoms & Media предвидува дека до 2011 ќе има 150 милиони HDTV опремени домови во светот, три пати повеќе од крајот на 2006.
Извештајот наречен „HDTV: A Global Analysis“ покажува дека до крајот на минатата година, САД учествувале со 27.7 милиони HDTV домови, 58% од глобалниот удел, а после нив Јапонија со 20% удел.
Британските домови биле на 4-то место, со 2.03 милиони домови со HDTV и предвидување дека ќе дојдат до 8.8 милиони на крајот од 2011.
Од вкупно 48.2 милиони HD домаќинства, само 16.4 милиони имаат пристап или ја користат опремата за гледање на HDTV содржина.
До 2011, Informa очекува дека HD програмата ќе биде подостапна и дека 70% од HDTV домовите ќе го искористуваат тоа. Денес HD опремата е поефтинета за разлика од малата понуда на HD програми.

Tweet |