Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 октомври 2014
Оливер Трифунов ( 23 год), Сашко Мишков ( 22 год) и Влатко Ангеловски ( 20 год) добија по 5,5 години затвор за разбојништво. Основниот суд во Велес ги прогласи за виновни откако ти го признале делото за кое се товареа а имаат обврска и да ги вратат парите кои ги одзеле.
Според обвинението тие на 26 март оваа година во 4,20 часот од бензинската пумпа на „Мак Петрол“ на влезот во Велес од правец на Башино село и со закана со нож од вработената одзеле 84 илјади денари.
Имаат обврска да ги вратат парите. Судијата им ја одреди најмалата казна затвор, оти сторителите се сочуваа со максимални 10, имајќи ја предвид нивната младост и тоа што досега не сториле друго кривично дело,а сторителите изразиле каење и жалење за разбојништвото.
Tweet |