речник контакт

16 октомври Светски ден на гладта

Учениците од подрачното училиште во Башино село помогнаа на дел од ранливата категорија. Локалната власт подари 20 илјади денари, помош и за 54 семејства од Цревниот крст на Велес

Петар Печков

Учениците од подрачното училиште   Јордан Хаџи Константинов Џинот, од Башино село  дадоа практичен пример за помош на гладните. Тие заедно со нивните наставници организираа собирна акција  која беше со цел за помош на ранливите категории.  Во акцијата се вклучиле и жителите на Башино село, родителите на децата кои се од прво до петто одделение и сите заедно собрале одредено количество на храна, обувки.   

Секој месец годината, во училиштето се организира отворен ден. Од месец октомври собраната помош е  за  Денот на гладта.  Сакаме децата да ги потсетиме  на човековите вредности, да бидат хумани, солидарни и  да бидат човечни, во нивната душа и свест.  Акцијата беше спроведена  и во централното училиште. Вкупно беа собрани 4,7 илјади денари. Благодарност и од Сокарата Папаз и  до фирмата Јоми фуд, кои несебично помогнаа и донираа храна и сокови - изјави директорката на ОУ Фиданка  Ивановска. При оваа акција собрани се 12 пакети храна, обувки.  

 Денот на гладта го одбележа општинскиот Црен крст од Велес.   Информираа дека  на ранливите категории граѓани, сиромашните и тие со ниски примања, ќе им доделат  вредносни  бонови.  На 54 семејства, по четири семејства  од сите основни и средни училиште од општината,  вклучувајќи ги училиштата од Иванковци и Горно Оризари,  но и од Градско и  Чашка и Богомила, ќе им бидат додели  боновите со кои од Жито Маркети ќе можат да подигнат храна и хигиенска средства.

 Овие семејства се одредени од страна на самите ученици од училиштата, кои и го собраа парите. Лани биле прибрани 64 илјади денари. Средствата кои исто така минатата година ги додели локалната власт,  во соработка со Центарот за социјални грижи, ќе бидат доделени на 10 семејства по две илјади денари.

Од денес, 16 октомври до 22-ри ќе трае годинешнава кампања, кога низ различни форми ќе се собираат средства на семејства кои се судруваат со проблеми во обезбедувањето храна. Може да се донира и на мобилниот 143-400   од сите мрежи, по 100 денари за секое јавување.

И годинава како и претходните години, локалана самоуправа, градоначалникот Славчо Чадиев уплати 20 илјади денари на сметката на Општинскиот црвен крст, пари наменети за гладните.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »