Петар Печков
Објавено: четврток, 23 ноември 2017
Со свечена академија, вчеравечер во салата ,,Бели мугри,, се одбележаа 160 години од велешката Гимназија, најстара во Македонија и меѓи постарите на Балканот. Нејзините почетоците како образовна институција, се од далечната учебна 1857/58 година, кога во Велес почнува да се реализира настава на образование повисоко од основното во тогашниот параклис Св. Ѓоргија. Денешната Гимназија Кочо Рацин е наследник на оваа значајна образовна традиција. Во текот на изминатите 160 години образование во Гимназијата го стекнале илјадници ученици.
Многу од учениците кои завршиле во Гимназијата, биле се, и во иднина ќе бидат, исклучително значајни за напредокот на нашата земја. Со својот ангажман во повеќе области на: општествено- политичкиот, научниот, образовниот, здравствениот, економскиот и културниот живот, не само на својот град ,Велес, туку и на Македонија, тие веќе 160 наназад придонесуваат за нивниот развој и напредок. Тие не задолжиле да го негуваме и почитуваме дигнитетот на оваа образовна институција. Предизвик е да се остане доследен продолжувач на толку успешна институција која го носи епитетот една од најстарите Гимназии, не само во Македонија, туку и на Балканот. Верувам дека сите ние и некогашните и сегашните генерации на наставници и ученици ја делиме истата мисла и желба. Дека, како продолжувачи на традицијата на оваа образовна институција, треба да останеме и понатаму доследни и да го сочуваме нејзиното успешно реноме – кажа Славчо Давитков. в.д директорот на Гимназијата Кочо Рацин. На академијата настапија ученици со поезија од нивниот патрон Кочо Рацин. Пред присутните се обрати и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Оваа вечер е е вечер на гордост и не заборав. 16 децении колективната меморија на Велес и Македонија ги чува во себе моментите од создавањето и растежот на велешката Гимназија, прв интелектуален вруток, прва суштествена промисла и првиот чекор кон организирано образование во државата. Во вакви мигови во целост ја поимаме културната и реформаторка димензија на Велес во историјата на македонскиот народ. Токму во вакви мигови сфаќаме дека тоа што ни се чини вообичаено секојдневие, всушност е грандиозна победа над времето и искушенијата со една единствена цел, македонскиот народ да добие свое образложение на мајчин јазик, да биде двигател на сопствениот растеж, да биде слободен во мислата и знаењето што ги пренесува на младите генерации. Со векови овде во Велес се калеле брилијантни умови што и ден денес восхитуваат. Само од ослободувањето во 1945т-ата до денес, во Гимназија 11.077 млади се образуваа. Овој простор е можеби мал поп мерка, но е огромен во историски и глобален контекст. Гранитната Гимназија, ќе ја а наречам така, оти им одолеа на сите искушенија, турското ропство, Илинден, Балканските и двете Светски војни е институција достојна за восхит. Затоа од името на сите граѓани на Велес изразувам огромна благодарност на сите просветни работници, интелектуални, преродбеници што ја создадоа, што ја заштитија и зачуваа колепката на интелектуалниот растеж и највисоките човечки вредности, да направија да се гордееме сите велешани овде и во светот – кажа Коцевски.
Tweet |