речник контакт

17 години транзиција

Овие фотографии од Железничката станица во Велес најдобро ја отсликуваат македонската транзиција која трае 17 години.

Петар Печков

Ова е фотографија од некогашните  поими за трговија Велеспром и Интернационал, и што остана од фирмите, кои беа поим во градов и земјава
 \"\"
             
Ова пак е киоск од Нова Македонија, обраснат во смоква, од која остана само гоооооооооооолемата зграда во центарот на Скопје. До него до неодамна беше киоскот на Тутун промет, истот така тажна македонска транзициска приказна. Киоскот го нема, како и фирмата ама има интересна приказна за него. Се нашол некој ,,газда“ и како негов го исекол и му го продал на трет, ха, ха а парите си ги земал....

Зад сите овие објекти се наоѓа пак Транс Велес. И од овој гигант остана само името, во стечај и разбира се. Сите приказни се со  работници со нерегулиран статус, без плата, без осигурување, на улица како технолошки вишок, стечајни...

Македонија како држава ќе полни полнолетство а никако да го мине пубертетот.

Догодина кој ќе ни ги тегне ушите за среќен 18-ти роденден? Ќе прави ли некој матурска прослава со музика за овој голем настан?

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »