Петар Печков
Објавено: сабота, 17 март 2012
Црвениот крст на Велес им додели признанија на неговите хумани членови, на тие што многупати ја подале раката и дарувале крв. За 100 пати дарувана крв признание доби Горан Димов, додека за 75 пати Зоран Илов, Петре Урумов и Ѓоре Петков. Благодарници за придонес во исполнувањето на републичкиот план добија Гарнизонот на АРМ Алексо Демниевски Бауман, средното училиште Димитрие Чуповски, здружението на граѓани Мото клуб ,,Носачи на крст,, а за мотиватор Драгица Ангелова.
Лани Велес го зазеде четвртото место во Македонија според исполнетиот план. Беше отворена и изложба на фотографии од активностите на Општинската организација на Црвениот крст Велес на тема „Волонтерство“.
Tweet |