речник контакт

17-ти Меѓународен Фестивал на античка драма Стоби се враќа на локалитетот Стоби

Од 19-ти до 29-ти јули ќе бидат прикажани пет претстави во натпреварувачка конкуренција

Петар Печков

Од четврток 19 јули по 17 пат ќе се одржи Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,. на него ќе се прикажат пет претстави во натпреварувачка  конкуренција  и тоа три од Македонија и две од странство.  По три години пауза фестивалот се враќа во античкиот локалитет.

Фестивалот се враќа во автентичниот амбиент на археолошкиот локалитет ,,Стоби,, таму каде што пред   без малку две децении  започна приказната за овој настан. Благодарност до управата на локалитетот и Управата за заштита на културното наследство  што дозволија претставите да се одигруваат таму - рече Драган Миладиновски член на организациониот одбор на Фестивалот.

Тој  избраната официјална програм ја  најави  како ,,пет интересни и атрактивни театарски претстави,,.   

Лисистрата  од Аристофан на Хакоб Газанчјан од Ерменија  во изведба на велешкиот театар,  Јулије Цезар од Вилијам Шекспир  на Народен театар од Битола во режија на Златко Паковиќ,  Ардалион - античка мимодрама на Еревански Државен Театар на Пантомимата од  Ерменија, Кралските копилиња на Сашо Димоски на велешки театар и Нерон и јас на  Жамбилски Регионален Руски Драмски Театар, Казахстан од Едвард Радзински а во режија на  Куандик Касимов. Фестивалот ќе заврши со доделувањето на наградите, кога репризно ќе биде прикажана Лисистрата на велешки театар. За наградите ќе решава  жирито  Николај Круглов претседател, Мето Јовановски актер, Ана Стојановска театролог. Се воведува и новина, тркалезни маси наловени ,,античка плоча,,.     

В  петок  на 20-ти јули  петок во 11,30 ч. во театарот изложба ќе биде отворена изложбата  ,,Дневник театар на Џинот,, сеќавања на Сашо Димоски. Организатор на Фестивалот е Општина Велес и Центарот за култура ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »