речник контакт

18 години откако велешанец стана првиот војник на АРМ

Панче Јамандиев е првиот војник на АРМ. Тој е велешанец. За овој историски настан по толку години скромно вели не сака за зборува. Дури и историјата по грешка го води дека се случил на 14-ти април.Неговото име веќе не споменува за овој голем миг.

Петар Печков

Панче Јамандиев е првиот војник на АРМ кој војникувањето го започнал во касарната во Охрид, наместо како што пишува во поканата на 15 април 1992-та, два дена порано. Бидјеќи тој не сака да зборува за овој настан по 18 години, еве што пред осум години изјави  тогаш Јамандиев за Дневник.

- Во касарната во Охрид се јавив на 13 април 1992, во понеделник попладне. Многу беа изненадени и старешините и резервистите што беа во касарната, бидејќи првите регрути ги очекуваа на 15-ти - вели Јамандиев. Прв старешина со кој имал контакт бил Словенец, полковник Јосип Хајба. Јамандиев си припомнува на одличниот прием.

- Во тие времиња, тоа беше значаен настан - формиравме наша војска. Како прв војник бев и медиумски присутен во јавноста, на МРТВ во ударните вести, во весниците. Уште следниот ден, дотеран во нова униформа бев примен и од градоначалникот на Охрид - се потсетува Панче.

Со задоволство ја покажува и воената книшка, во која е запишано дека воениот рок го отслужил во периодот од 13 април 1992 до 12 јануари следната година.Додека стигнале првите војнички колеги, на 15 април вечерта, тој добро се истренирал во местење кревети и постелнина. Како најмлад, на 21 година, бил задолжен да ги среди спалните за новите војници. Пред почетокот на обуката работел и на разгласот, и тука, условно кажано, завршуваат неговите привилегии како прв војник што се јавил на отслужување на воениот рок во АРМ.

- Обуката, која траеше 45 дена, ја минав задолжен со рачен фрлач, а потоа добив прекоманда на караулата Преслап, Битолско - вели Јамандиев.  Се уште му се живи спомените и на говорењето на дел од старешините, , кои не биле од Македонија, а ги давале првите наредби на македонски, со интересен нагласок.

 - Чесно го отслужив долгот кон народот и државата, без ниту еден ден отсуство –вели Јамандиев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »