Петар Печков
Објавено: петок, 16 јули 2021
СВР Велес поднел 18 кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
„Пријавените, во периодот од 29-ти мај до 13-ти јуни годинава, се движеле без дозвола за движење, за време на забрана за движење поради прогласена пандемија на Ковид-19“ - пишува во информацијата на МВР.
Кривични пријави до ОЈО Велес се поднесени против лицата: П.Т.(23), Т.Л.(25), Х.Д.(20), И.Б.(38), М.Ј.(18), П.С.(25), А.Ј.(20), А.Б.(18), А.Ф.(21), С.Т.(20), К.А.(20), С.В.(21), И.Т.(25), Д.Ј.(26), М.К.(38), В.В.(18), С.И.(18) и С.А.(18) сите од Велес.
Во сите претходни случаи, кога граѓани не го почитуваа полицискиот час, ОЈО Велес до Основен суд побара и без исклучок обнвинетите добиваа парична казна, глоба од 800 евра, во денарска против вредност. Ако се повтори и во овие случаи, држќавната каса ќе биде побогата за 14,4 илјади евра, само од велешани.
Tweet |