Петар Печков
Објавено: петок, 02 декември 2016
Игор Настов ( 36 год) беше прогласен за виновен за кривичното дело насилство кое го сторил врз неколку семејства соседи, околу новиот дом кој го гради. Тој ја призна вината, по што во Основен суд Велс му беше изречена казна затвор од 18 месеци, согласно Правилникот за одмерување на казни, бидејќи претходно веќе е осудуван.
Им се извинувам на оштетените, немав намера, се каам за стореното. Вечерта бев во кафеана, не знам што ми се случи па го сторив делото. Подготвен сум и да ја платам оштетата – изјави Настов во судницата.
Настанот се случил 8-ми ноември годинава околу полноќ, на улица „Архиепископ Михаил“ во близина на ООУ „Кирил и Методиј кога обвинетиот извршил кривично дело насилство и оштетување туѓи предмети. Тој грубо ги навредувал оштетените со цел да предизвика страв, неспокој и несигурност кај нив и ка присутните лица, семејствата Николови, Абрашеви и Jанаќиеви.
Адвокат Валентин Зафиров бранител на Настов побара поблага казна оти тој бил сопственик на успешна фирма ,,Пантера,, во која била вработени 35 лица.
Со решение на судот на Настов мерката притвор му се заменува со домашен притвор. И ова решение и пресуда не се правосилни.
Tweet |