речник контакт

19-ти роденден на АРМ

Институцијата на која граѓаните најмногу и веруваат,војската, го одбележа денот на нејзиното фомрирање

Петар Печков

Во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман беше обележан 18-ти август денот на АРМ. На овој ден пред 67 години, на Славеј Планина од одредот ,,Дамјан Груев,,и од новодојдените борци  формиран е баталјонот ,,Мирче Ацев,, , што е првата регуларна единица на народноосчободителната војска на Македонија.

Овој ден во самостојна Македонија се смета за формирање на Армијата на Република Македонија. Регуларната војска во текот на НОБ достигна бројка од  23 ударни бригади, 7 дивизии, 3 корпуси со вкупно 66 илјади војници од кои 24 илјади загинаа.

Во април 1992-та година, со доаѓањето на првиот регурт велешанецот Панче Јамандиев во касарната во Охрид, започна да живее и Армнијата на самостојна  Репбулика Македонија.

Македонската армија со својот придонес  кон светскиот мир  одамна го заслужи членството во семејството на НАТО алијансата  - изјави Љупчо Костовски командант на касарната во Велес.

Во продолжение за присутните гости беше прикажан дел од вооружувњето со кое располага касарната Алексо Демниевски Бауман.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »