Петар Печков
Објавено: среда, 01 декември 2010
Светскиот ден на борбата против сидата е 1-ви декември. Тој не е против заболените од ХИВ АИДС туку против предрасудите што кај повеќето жители на планетата Земја владеат за овие лица.
Токму затоа Светската Здравствена Организација СЗО овој ден го намени во борбата против предрасудите и со едукација за заштита, не од ризичните групи, туку од ризичното однесување на секој човек.
Според Институтот за јавно здравје во Велес изминатите 12 месеци нема заболен од ХИВ СИДА ниту има некој носител на вирусот во градот. Но затоа пред некоја година почина лице од СИДА во Велес.
Сидата се добива преку некоја од следните течности: крв, семена течност, вагинална течност и мајчино млеко. Начин на пренесување е сексуален однос, заедничко користење на било каква игла од шприц ( при дрогирање, тетовирање, бушење уши ), при трансфузија на заразена крв, во текот на бременоста од заболена мајка на бебе.
Досега во Македонија се регистрирани 132 случаи со ХИВ/СИДА од кои 99 со СИДА, а 33 ХИВ позитивни. Од 99 заболени од СИДА 63 починале. Од дванаесетте случаи регистрирани оваа година, две третини се Македонци, една третина се Албанци, а другите се Роми, сите на возраст од 20 до 29 години и од 30 до 39 години.
Просечно секоја година во земјава се регистрираат 10 до 12 случаи. Доминантен е хетеросексуалниот начин на пренесување ХИВ/СИДА, а во последните три години и МСМ, преку полов однос меѓу машки лица.
Во рамките на Институтот за Јавно здравје во Велес, поранешен Хигиенски, постои советувалиште каде за 20-тина минути секој граѓанин, може бесплатно да биде тестиран од ХИВ/СИДА.
Tweet |