Петар Печков
Објавено: среда, 01 јуни 2016
Волонтерите од Општинскиот Црвен крст од Велес го одбележаа 1-ви јуни Ден на згрижувачките семејства. Семејствата и децата се дружеа со децата од Центарот за посебни потреби. Во Велес има 9 семејства со 21 згрижено дете, 27 деца од Велес се во други градови. Меѓу деветте семејства е и фамилијата Утевски која има згрижено две деца.
Секој не се нафаќа на ова, треба да бидеш голем човек за да се решиш. Ова е хумана работа, која е добра и за децата - вели Кадри Утевски.
Тој згрижува две деца и има свои две ,така што одгледува вкупно четири деца .Ова започнал да ги работи меѓу првите во Велес, пред 13 години. Објаснува дека сите биле мирни и живеат во слога. Семејствата за секое згрижено дете добиваат паричен надомест.
Денес споивме две активности, два проекти. Едниот е подобрување и социјализација на деца и младинци со посебни потреби па заедно со нив на овој ден на згрижувачки семејства се забавуваме, играме. Така еднаш месечно се дружиме, одиме на екскурзија - рече Елена Бачева од Клубот на млади на Црвениот Крст Велес.
Tweet |