Петар Печков
Објавено: четврток, 19 август 2010
Во вторникот вечерта во 23,40 ч. по претходно добиени сознанија , инспекторите од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес на наплатната рампа Сопот го сопреле патнички автомобил марка БМВ со бугарски регистерски ознаки, управуван од лицето Л.М. (42) од Велес и сопатник во возилото - неговата сопруга С.М. (43) од Велес.
При извршениот преглед на возилото, на задното седиште пронајдено е едно најлонско пакување со опојна дрога - марихуана со тежина од околу 2,5 кг. Двајцата сопружници се приведени и задржани во просториите на Полициска станица Велес, а возилото и кесето со опојната дрога се одземени и доставени на вештачење. По извршените проверки, добиени се сознанија дека дрогата била купена од непознато лице од Скопје, а била наменета за продажба на лице од Радовиш.
Пријавениот Л.М. во 1993 година заедно со уште двајца сторители има извршено кривично дело убиство, за што и во повеќе наврати му се изрекувани затворски казни за кривични дела против имотот и од областа на поседување на наркотични дроги .
Tweet |