Петар Печков
Објавено: сабота, 14 јули 2012
Изминатата недела беше одбележана 20 годишнината на еден од најужасните злочини кој се случи на територијата на поранешна Југославија. Водачите на паравоената српска формација,, Бели орли,, во вишеградското предградие Бикавец, во куќата на Мехо Алијиќ живи запалија 70 Бошњаци, повеќето жени и деца.
Преживеала само Зехра Турјачанин, додека нејзината фамилија беше свирепо убиена. Лукиќ за ова зло дело, но и други слични на територијата на БиХ од страна ан Хашкиот трибунал е осуден на доживотен затвор, без можност да биде помилуван. Пред судот во БиХ се води процес против Оливер Крсмановиќ заради палањето на цивили. Зехра по многу години се потсетува на овој настан, кој останува забележан како врв на нечовечноста.
Припадниците на ,,Белите орли,, ги туркаа претежно жените и децата во куќата на Мехо Алијиќ, претходно ги пљачкаа. Ни го земаа златото, парите. Никој не претпоставуваше дека ќе завршиме во најстрашни маки. Со мене беа и мојата мајка, двете сестри од девет и 26 години, како и двете внуки од сестра ми стари две и шест години. Со нас беше и снаата со седумгодишниот син. Вратата ја блокираа за да не можеме да побегнеме. Поставија тежок намештај. По некое време почнаа да пукаат, фрлија бомби и така ја запалија- се сеќава Зехра Турјачанин. Нејзините маки таа ги кажува секогаш и секаде, да не се заборави какви се нелуѓе постојат на планетата. Криците, плачот ги слушале соседите, кои останале во другите куќи.
На сите страни имаше оган, чадеше на сите страни. Скришум гледав од терасата. Вдишував чад од коски и месо. Мирис што не може да се заборави. Од автомобилите трештеше српска турбо фолк музика а војниците пееја. Но ни тоа не можеше да ги надгласа криците, плачот, лелекот и молбата за помош . Тие се претвораа во живи факли кои горат – вели сосетка.
Вишња Устамујиќ на нашла Зехра. Вели дека била само коска, целата во крв, без влакна на лицето, веѓи, ни трепки, без уво. Хашкиот трибунал ова злосторство го протолкувал како најлош пример на нечовечко постапување на еден човек кон друг. Во куќата било запалено и семејството на Есад Туфекџиќ, неговата сопруга Џехва, едногодишниот син Енсар и петгодишната ќерка Елма. Тој никогаш не дошол на нивниот гроб.
Бев преку Дрина и видов пламен, но не знаев дека горат моите деца и жена. Не можам да замислам дека постои човек што може такво нешто да стори – вели Есад. Босанските власи од куќата планираат на изградат Меморијален центар.
Tweet |